
Во пресрет на второто издание на Турнирот во мал фудбал “Св. Никола Требеништа 2025” Општина Дебрца ги подобри условите за сите посетители на оваа спортска манифестација, односно на источната страна од балон салата изградена е триредна трибина, во должина од 36 метри.
Вкупната вредност на работите изнесува 1.121.180 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2025 година.
И оваа година општината како генерален покровител ќе го помогне турнирот со 80.000 денари согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година.