Skip to main content

Општина Охрид

Подобрени условите во подрачното училиште на ОУ „Свети Наум Охридски“ во с. Трпејца

Градоначалникот информира преку објава на социјалната мрежа Фејсбук дека во училиштето е извршена санација на таванот, обновени се и молерисани внатрешните ѕидови, поставен е ламинат на подовите, а претходно била извршена и промена на дограмата во училишните простории.
 |  инфодеск  | 
училиште Трпејца

Реализирани се низа активности за подобрување на условите за изведување на наставата во подрачното училиште на ООУ „Свети Наум Охридски“ во село Трпејца, кое претходно беше во многу лоша состојба, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Градоначалникот информира преку објава на социјалната мрежа Фејсбук дека во училиштето е извршена санација на таванот, обновени се и молерисани внатрешните ѕидови, поставен е ламинат на подовите, а претходно беше извршена и промена на дограмата во училишните простории.

Иако Министерството за образование и наука пред долги години презеде обврска за изградба на ново училиште во селото Трпејца, тоа не се случи. Ние како одговорна Локална власт континуирано преземаме мерки за обезбедување на подобри услови за учениците во ова населено место, а ќе продолжиме и во иднина да работиме за создавање на подобри услови во сите училишни објекти на територијата на Општина Охрид.„ – вели во објавата на Фејсбук, градоначалникот Пецаков.