Подобри услови и за охридските студенти во студенскиот дом
Ќе се подобрат условите и на студентите кои престојуваат во Студенскиот дом „Никола Карев“, во Охрид. Од државниот проект за набавка на 50 машини за перење и сушење дел ќе бидат распределени и во охридскиот дом, во зависност од бројот на студенти кои престојуваат.
Четири машини за перење и исто толку машини за сушење ќе ги задоволат потребите на студентите кои престојуваат во Студенскиот дом „Никола Карев“, Охрид. Овој проект ќе се спроведува преку МОН, а ќе започне од почетокот на наредната година. Како што изјави првиот човек на Студенскиот дом Маријан Ристески во периодов што следи треба да се спроведат постапките за набавка на неопходната опрема.
„Со тоа се надмина еден голем долгогодишен проблем на студентите исе задоволи уште едно нивно барање. Државниот студенски дом располага со индустриски машини за перење и сушење исто така имаме и помали машини со цел задоволување на потребите на студентите. Ова беше неминовна потреба бидејќи во нашиот дом се сместени странски студенти кои доаѓаат од далечните светски држави и не се во можност да ги обавуваат токму овие во смисла на перење и сушење, ние имаме проект каде и сега ги задоволуваме на дел од студентите тие потреби“-вели Ристески.
Ристески кажа дека веќе била отпочната постапката за набавка и на мебел во сите студенски домови. Според него таа постапка би требало да се спроведе во наредниве 3-4 години.
„Ќе биде спроведена, во која ќе се направи промена на нови кревети, душеци, плакари, работни бироа и столови тоа ќе е повеќегодишна јавна набавка и во зависност од амортизираноста на мебелот ќе оди со нивна промена. Имајќи во предвид дека во 365 дена, конкретно за нашиот дом бидејќи 10 месеци работиме со студенти а останатите два месеци комерцијално работиме со гости максимално го искористуваме, значи имаме некаде 95 до 100 процентна искористеност или амортизација некаде на 5-6 години во зависност контролите кои институцијата ги прави во смисла на воспоставување на ред и дисциплина во домот е доволен период да се изврши замена“.
Ристески нагласи дека континуирано работат на подобрување на условите за сместување во студенски дом. Во изминатиов период набавиле 130 нови кревети и душеци односно 60% од вкупниот сместувачки капацитет со кој располага домот. Истите не биле променети околу 30 години. Во целост бил заменет целиот инвентар, а секоја година се врши комплетно молерисување на ѕидовите со површина од околу 3000 метри квадратни. Отпочнат бил проект на санација на подните површини, а целосно била заменета и кровната конструкција на домот со средства во висина од околу 50 000 евра. Инаку, државата, десетте постоечки студенски домови од кои 5 само во Скопје останатите во Битола, Охрид, Штип, Прилеп и во Пробиштип ќе ги опреми со набвавка 50 машини за перење и сушење кои ќе се распоредат во зависност од студентите во секој од домовите.