Skip to main content

Подобри услови за живот на село посакуваат жителите од охридските села

Асфалт, вода и канализација се сеуште сон за многу жители од нашите села.

 |  Валентина Неловска  | 
Svinista
Svinista

 

Асфалт, вода и канализација се сеуште сон за многу жители од нашите села. 50 -тината жители од село Свиништа, претежно постари луѓе, како и повеќето жители од охридските села, имаат потреба од  подобрување на инфраструктурата во селата во кои живеат. Претседателот на Месната заедница, Благоја Крстаноски, вели секоја година во Локалната самоупорава поднесуваат барања со кои сакаат да се подобри животот на свиништани.

Sv. pat„Најприоритетни се санција и асфалтирање на патот од магистарлниот пат до селото во должина од 2,5 км, еден крак од селото до црквата Св. Богородица, како и тампонирање на неколку селски улички. Жителите претежно пензионери и постари лица имаат потреба  од поредовен линиски превоз, а неколкуте фармери кои одгледуваат стока бараат и приклучување на трофазна струја. Селото има водоводна мрежа, ама убаво е во догледно време да се изгради и  канализација“, посакува  Крстаноски.  

На подрачјето на општина Охрид има 26 рурални месни заедници, а подолго време ова е барање и од жителите на селото Плаќе. Веќе од месец мај општините ќе може да аплицираат со проекти за развој на руралните средини. Владата од својот буџет за оваа намена ќе одвојува пари  за подобрување на инфраструктурните потреби. Со сума од 4,5 милиони евра,  ќе ги подобрува условите  за живот во селата. Проектите ќе се финансираат со целосната вредност на проектот со кој ќе аплицира општината на чија територија се наоѓа селото.  За развој на инфраструктурата, општините може да аплицираат за поврзување меѓу две или повеќе села во должина од 5 километри,  за поврзување со регионален пат или град во должина од 7 километри, за телекомуникациска инфраструктура, за водоснабдителни и канализациски системи во села до 1.500 жители. Ќе се финансира и изградба или реконструкција на зелени или сточни пазари, како и изградба на детски, младински центри, пензионерски клубови или културни домови .
Krstanoski
Од Локалната самоуправа соопштуваат дека стручните служби веќе добиле задолженија да достават приоритетни проекти до градоначалникот Никола  Бакрачески до крајот на месец април. Стручните служби ќе одлучуваат за приоритените потреби на жителите, а потоа со нив општина Охрид, до крајот на месец мај треба да аплицира за средствата за поттикнување на руралниот развој, кои ги обезбедува Владата.  

Општините ќе може да ги доставуваат апликациите со максималниот износ кој не треба да биде повисок од 20 милиони денари. По одобрување на средствата општините ќе добијат аванс во висина од 20 проценти од вкупната вредност на проектот за отпочнување на работите. Остатокот од средствата  ќе им се исплаќаат на рати по завршените фази на градба.

{loadposition content9}