Skip to main content

Подрачните одделенија на УЈП од 1-ви јануари со продолжено работно време

Oхридското даночно одделение на Управата за јавни приходи од 1-ви јануари 2015-та година,  ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

tabelaOхридското даночно одделение на Управата за јавни приходи од 1-ви јануари 2015-та година,  ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.
Освен во Охрид, продолжување на работното време ќе има и во сите останати одделенија на УЈП.
Причина за оваа одлука е  совпаѓањето на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, па така, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите, објансуваат од УЈП.

Продолженото работно време за регионалните дирекции на Управата за јавни приходи во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци започна да се применува од 1-ви октомври.

{loadposition content9}