Skip to main content

Подводната елка по 13 пат накитена во Охридското Езеро

Подводната елка во Охридско Езеро денес традиционално по 13 пат ја накитија членовите на нуркачкиот центар „Амфора“. Таа е поставена во Миќов Град, во Градиште, на длабочина од три метри.

 |  Николоска Биљана  | 
podvodna elka
Подводна елка

Триесет нуркачи членови на клубот за подводни активности „Амфора“ денеска во Заливот на коските кај Градиште по 13 пат ја накитија подводната елка. И годинава на овој несекојдневен настан младите нуркачи наздравија со детското шампањско, а добија и подароци од Дедо Мраз. Чуството да си под вода во пресрет на Новогодишните празници е необично, ново, и нешто што не може секој да го направи, кажаа најмладите.

podvodna elka„Ова многу значи за мене бидејќи јас почнав  со нуркање пред шест месеци и многу е интересно е за мене лично, новогодишна елка под вода тое е многу ретко, нешто чудно звучи но многу интересно е. Секој пат има нешто различно нешто посебно“– кажаа најмладите.
 
Со овој настан кој е од огромно значење за промоција на Охрид и прекрасното езеро, најпрво нуркачите си ја честитаа новата 2015 година, а воедно ја честитаа и на сите останати граѓани на РМ, со  желба за здравје, успех и подобар живот” како што изјави Горан Балев, подводниот Дедо Мраз.

„Досега добро одеше и од првиот пат и од другите години гледам дека имаше одзив и по интернет порталите и по медиумите и во странство. Досега сме задоволни како тече оваа работа инаку не би ја правеле, ние планиравме нешто поголемо но такви се состојбите како што се“ – вели Балев.

Инаку подвдводната елка како  една своевидна атракција за новогодишните празници претставува дополнителна причина туристите да слушната за Заливот на коските и да го посетат. Наколната населба во заливот и археолошкиот локалитет Миќов град привлекуваат секоја година илјадници гости од земјата и од странство. Според Завод и музеј Охрид, Заливот на коските е најпосетена туристичка дестинација во Охрид.

{loadposition content9}