Skip to main content

Поемата „Никогаш пред ил’ потем“ лауреат на наградата „Григор Прличев“ за 2024

Oд Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид информираат дека добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 година е авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем“, пријавена под шифра „Хидаспес“.
 |  инфодеск  | 

Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Бранко Цветкоски и Димитар Пандев како членови.

– Од вкупно 13 пристигнати ракописи, пет од нив се издвоија со своите поиздржани естетски, стилски, композициски и содржински квалитети. Во потесен избор влегоа поемите „Никогаш пред ил’ потем“ и „Питагорин сведок“, информираат од охридскиот Центар за култура.

Авторот на наградената поема „Никогаш пред ил’ потем“ треба да го докаже авторството со доставување на оригиналниот примерок. Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на крајот на февруари кога се одбележува годишнината од смртта на охридскиот Хомер.