Skip to main content

УИНТ “Св. Апостол Павле” Охрид

Посета на министерката Ана Лирман на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Со Министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија биле разгледани интересни теми околу меѓународната соработка, потенцијалните инвестиции и заеднички проектни активности.
 |  инфодеск  | 
УИНТ посета

Проректорката за меѓународна соработка на УИНТ “Св. Апостол Павле”, Проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска,  беше домаќин на Високата претставничка, г-ѓа Ана Лирман,  Министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, во соработка со  г-дин Зоран Мартиновски, Претседател на менаџмент консултантската компанија „PrimePoint Partners“ и  г-дин Давид Оберхугер Директор на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка, како и претставници од неколку стејкхолдери.

Министерката Лирман го посети Универзитетот за информатички науки и технологии УИНТ “Св. Апостол Павле” во Охрид и просториите на Ohrid Blue Economy Accelerator во рамките на Универзитетот. Притоа беа разгледани интересни теми околу меѓународната соработка, потенцијалните инвестиции и заеднички проектни активности. УИНТ “Св. Апостол Павле” во Охрид, покрај образовната, едукативна и научно-истражувачката работа, активно продолжува да ја развива својата проектна дејност и меѓународна соработка, сега и во иднина, вклучувајќи клучни институции од Охрид, државата, регионот, како и во светски рамки.