Поетска ноќ во Велестово
Моето творештво на овие височини, на овој божествен предел меѓу две неба, е недоискажана. За неа треба сеуште да се пишува, твори и импресиите да се споделат со со публиката на манифестацијата „Поетска ноќ во Велество“ . Овие зборови синоќа ги кажа лауреатот Веле Смилески, на кого беше посветено годинешново издание на манифестацијата.
Велестово синоќа по 27 пат беше собирното место на македонските поети и сликари, вљубеници во поезијата и уметноста воопшто, во рамки на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Годинава настанот беше посветен на поетот, прозаистот, критичарот Веле Смилевски. Во името на градот на присутните, се обрати заменикот градоначалник Ангел Јанев. Тој истакна дека оваа средба слична на прославите на книжевните великани во Европа, е убав повод да се навратиме на делата на врвните претставници на македонската поетска реч.
„Несомнено дека оваа дводневна церемонија е од огромно значење затоа што преку поезијата и ликовните изложби кои се одржуваат во нејзините рамки, ние ја покажуваме свеста за својата традиција и грижата за нејзино зачувување, осветлување и афирмирање. Воедно во оваа манифестација селото Велестово без малку три децении претставува културен центар на бројни поети и уметници од целиот свет“ – истакна Јанев.
За поетско творештво на Веле Смилевски, беседа одржаа Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Веле Смилевски припаѓа на оној круг македонски писатели кои во својот книжевен опус опфаќаат повеќе тематски подрачја, истакна Раде Сиљан. Додаде дека за него Смилевски е еден од водечките имиња на оваа генерација кој во духовниот простор на Македонија внесол мноштво иновантни моменти.
„Тој е автор на 15 поетски книги, на уште толку книги со критики и есеи, високо вреднувани од страна литературната критика и наградувани со престижни награди меѓу кои и наградата „11 Октомври“, за животно дело. Неговата поезија е преведена на повеќе странски јазици застапена е во 10 тина антологии кои се појавија во Македонија и светот. Инаку во поезијата на Веле Смилески е присутен еден истражувачки дух, тоа е поезија со богат поетски јазик кој комуницира на широки релации, и според мене спаѓа во редот на најистакнатите автори“ – објаснува Сиљан.
Смилевски истакна дека неуморно продолжува да создава, така што на пат било неговото ново дело, после „Забранета книга“, која била наградена на јубилејните 50 СВП. Паралелно со тоа Смилевски создавал клима за неговите колеги како претседател на друштвото на писателите на македонија да се создава и афирмира македонскиот поетски збор.
„Навистина претставува предизвик и поттик најверојатно во натамошните години во создавањето да се влезе во една плејада на значајни автори, која што деновиве покренувачот на оваа значајна манифестација ја нарече своевидна антологија, во 27 години да се претставуваат толку многу значајни автори и меѓу нив да влезам да бидам претставен како автор пред оваа благородна публика“ – вели Смилевски.
Традиционално, покрај поетскиот портрет на Смилески, синоќа во Велестово имаше и ликовна изложба. Во изложбениот простор на старото училиште во Велестово со изложба на слики и графики со мотиви од Монголија се престави Литов Намдаг Јанчивин, почесниот конзул на Монголија во Македонија. На „Поетската ноќ во велестово“, покрај домашната публика имаше гости од Бугарија и Црна Гора.
{loadposition content9}