Утре, петок, во чест на Денот на Охридското Езеро во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ на платото пред оваа установа од 11 часот ќе се одржи завршницата од поетско – музичкиот перформанс „Слушни го езерото“.
–Со свои творби ќе настапат десеттина поети од Охрид, Струга и Поградец – Албанија. На настанот ќе присуствуваат и директорките на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга и Библиотеката „Митруш Кутели“ од Поградец. Ученици од основните училишта ќе постават изложба со цртежи сврзани со езерото а ќе настапат и млади музичари од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид, информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Проектот е дел од годишната програма на НУ Библиотека Охрид, финансирана од Министерството за култура.