Поевтинува струјата за занаетчиите
20 проценти поевтина струја од идната година ќе плаќаат малите занаетчии во државава. Неколку месечните заложби на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, средбите и барањата кон Владата за намалување на струјата за занаетчиите се успешни. Сашо Богојевски Претседателот на регионалната комора на занаетчии смета дека ваквото намалувањето е во чии рамки се опфатени над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар е за поздравување.
„Меѓу кои и занаетчиите. Цената од 17 денари по киловат е намалена на 13, односно за 20 проценти од нова година. Тоа е добро од страна на владата значи жално е ако еден дуќан се затвори затоа што не може да ги покрие давачките кон државата. Во изминативе 2 години 37 занаетчии престанаа да вршат дејност во најголем број поради големи давачи кон државата.“, вели Сашо Богојевски.
Во Охрид и Дебрца моментално постојат околу 230 занаетчии кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, имајќи предвид дека 99 проценти од занаетчиите во државава спаѓаат во категоријата микро и мали субјекти вели Богојевски. Потенцира дека продолжуваат да ги штитат интересите на занаетчиите пред институциите, дополнително периодов се работи на намалување на давачките со цел овзможување подобри услови за нивна работа.
„Имаме поднесено барање и до вицепремиерот Битиќи и до Ујп за намалување на 50 проценти кај паушално оданочените занаетчии за намалување на персоналниот данок. Доколку го добиеме и тоа барање, ќе биде успех и намалување на трошоците за работа на самите занаетчии.“, кажа Богојевски.
Со ваквите мерки се очекува стабилизирање на работата на занаетчиите и справување со економско-енергетската криза. Останува проблемот со нерегистрираните занаетчии за кои се претпоставува дека се во поголем број од регистрираните занаетчии во државава.