Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Поевтинуваат горивата

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар по литар, а дизелот поевтинува за 2,5 денари, одлучи денеска РКЕ.
 |  инфодеск  | 
Горива

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука да ги намали цените на нафтените деривати од половина до два и пол денари за литар.

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто во однос на малопродажните цени утврдени согласно одлуката на Регулаторна од 19-ти октомври. 

Со ова, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС95 и ЕУРОСУПЕР БС98, се намалуваат за еден денар и ќе изнесува 88 денари за литар односно 90,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2,50 денари и ќе се продава за 100,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 ден и ќе чини 97 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,43 денари и еден килограм мазут ќе чини 49,4 денари.