„Погодете кој доаѓа на вечера“
Ангела, Катерина, Никола, Ема, Ева, Милан, Ѕвонко, Леа, Јован и Ирена се актерите аматери кои утревечер на сцената на Центарот за култура ќе ја одиграат преставата „Погодете кој доаѓа на вечера“.
Ангела, Катерина, Никола, Ема, Ева, Милан, Ѕвонко, Леа, Јован и Ирена се актерите аматери кои утревечер на сцената на Центарот за култура ќе ја одиграат преставата „Погодете кој доаѓа на вечера“. Овие млади средношколци, талентирани актери-аматери и волонтери на ОО на Црвениот крст за само две недели импровизираа комедија која ветува смеење до солзи.
Никола Србинсоки е еден од ликовите во преставата за која вели дека сами ја подготвиле со помош на десиминаторите од ПХВ.
„Сите имаме икуство со глумењето, досега сме работеле и на други престави и немавме проблеми за реализација на проектот“.
Преставата е дел од Промоцијата на хумани вредности на Црвениот крст и во неа се вклучени младите. Нивниот придонес е во насока на создавање на интеркултурно општество. Преку театарската игра актерите аматери ќе упатат и порака до гледачите.
„Најважно е да им откриеме на луѓето дека дискриминацијата е едно лошо дејство кое луѓето си го нанесуваат меѓусебе. Во нашата престава имаме зет Турчин и ќе прикажеме како тој не треба да биде дескриминиран“, појаснува Ирена која е дел од тимот на претставата.
Младите волонтери на Црвениот крст од земјава ќе изведуваат театарски престави во нивните градови, во рамките на Неделата на Промоција на хуманите вредности. Парите од влезниците ќе бидат наменети за хумани активности, нагласува Даниел Наумовски, водител на проектот за Промоција на хумани вредности.
„На почетокот кога почнуваа актерите не веруваа дека ќе успеат за кратко време да ја подготвата преставата, а сега уживаме во она што го создадоа и ветуваат смеење до солзи. Сите актери учесници во прокетот ќе одлучат за која хумана активност ќе бидат наменети парите од влезниците“, открива Наумовски.
Во последните осум години, во рамките на Промоција на хуманите вредности, ОО на Црвениот крст реализирала 49 проекти. Во нивното спроведување биле вклучени 300 млади луѓе, кои со промоција на принципите на Црвениот крст помогнале на преку 50 семејства во Охрид.
{loadposition content9}