Поголем бод за вработените и нова систематизација во јавните претпријатија
Владата и синдикатите по успешните преговори и отворен дијалог, дојдоа до заедничко решение кое трајно ќе го реши прашањето за платите на вработените во јавниот сектор.Двете страни договорија 10% раст на платите од септември 2023, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крај на годината.Владата и синдикатите дојдоа до заедничко решение кое трајно ќе го реши прашањето за платите на вработените во јавниот сектор.Двете страни договорија 10% раст на платите од септември 2023, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крај на годината.На последната седница на Советот на општина Охрид долга дискусија се разви и по однос на точките во врска Предлог-одлуките за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во Јавните Претпријатија. Советникот на СДСМ Бојан Михајловски ја поздрави оваа одлука, и истакна дека е среќен што со неа ќе им се помогне на нашите сограѓани, работници кои ги извршуваат работните задачи.
„Само да не се случи зголемувањето на вредноста на бодот, а да се намали бројот на бодовите на работното место, зошто во тој случај, зголемувањото на бодовите нема да биде доволно, ќе биде помло, како во некои претходни, сакам да го потенцирам тоа јавно и секако ќе ги поддржиме овие одлуки“, реке- Бојан Михајлоски – Советник СДСМ.
Марјан Ристески в. д. Директорот на ЈП „Водовод“ рече дека ќе го почитува Колективниот договор. ЈП „Водовод“ согласно законот за ЈП-а откако е формирано досега нема донесено одлука за бод согласно Законот за Јавни претпријатија.
„Кога дојдов како директор на ЈП „Водовод“ затекнав една хаотична состојба во делот на бодовите. Како што идала секоја политичка гарнитура си давал директорот од ракав бодови, онака како што му биле љубимци вработените , без разлика на работни места, работна позиција, образование кои го стекнале“, – одгвоори Марјан Ристески – в.д.Директор Ј.П. Вододовод Охрид.
Бодовите во ова јавно претпријатие беа сеуште три цифрени, а согласно Законот за административни службеници од 2015 треба да се трицифрени и не постоеше воопшто никаков акт за реггулирање на платите на на вработените, кажа Ристески. Се давале по сопствена воља на вработените. Сега имаме една комплетна реформа според која секој вработен си доби решение за плата и решение за статус. Координаторката на советничката група на СДСМ Живка Ангелоска, пак го запраша како потипишувал вработените да земаат плата.
„Јас верувам дека не ви е и сега лесно и дека новините кои ги правите искрено имам информации дека не се добро примени од страна на вработените во ЈП, нема совршена систематизација, секогаш ќе има задоволни и незадоволни.„Доколку е ситуацијата таква, вие сте веќе втора година во мандат, и ако не биле во ред бодовите кои ги кажувате, а вие сте потпишувале платни налози за да добијат вработените плата, долг период е поминат во однос на вашиот мандат 2 години, пола поминал па сега се исправуваат работите, за да се ипотенцира како од сега ќе завладее правдата“, – кажа Живка Ангелоска – Координатор советничка група СДСМ.
Марјан Ристески в. д. Директорот на ЈП „Водовод“, одговори дека реформата започната е на 1-ви февруари кога станал директор.
„Веќе во април месец е отпочната процедура за измена на систематизација на која веќе од кои побуди дали се политички или не знам, чекаме на согласност веќе година дена. Не можеме да добиеме решение за некое работно место кое не ги исполнало условите. Моравме да ја добиеме систематизацијата, вклопиме сите вработени и врз основа на тоа да дадеме соодветно решение“, – објасни Марјан Ристески – в.д.Директор Ј.П. Вододовод Охрид.
Секретарот на Општината Александар Китески едноставно објасни, дека доколку во период од една година Управен иснпекторат не направи надзор, актуелниот директор на Јавното претпријатие не може да го поништи решението кое за тој работник за тоа работно место го издал претходниот директор.Дополнително, и бидејќи на време не била сменета систематизацијата во прептрпијатието.