Skip to main content

општина охрид

Покана за јавна дебата во врска со развојните цели на Општина Охрид

Јвната дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик ќе се одржи во среда (5ти март) почнеток 12 часот и 30 минути во мала сала на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Св Кирил и Методиј

Заради поголема транспарентност во спрведување на следниот јавен повик, а со намера да се слушне гласот на невладиниот сектор Општина Охрид свикува јавна дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик.

На јавниот повик кој во текот на 2023 година Општина Охрид го спроведуваше во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOAD2), право да поднесат предлог проекти имаа сите граѓански организации чии проекти се доследни на развојните цели на општина Охрид: младински активизам и партиципација, родова еднаквост, економска и социјална инклузија,заштита на животната средина, туризам и култура.

Јвната дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик ќе се одржи во среда (5ти март) почнеток 12 часот и 30 минути во мала сала на Општина Охрид.