Показна вежба за евакуација утре во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид
Во насока на зајакнување на подготвеноста и координираноста за навремено и ефикасно делување при несреќи, елементарни непогоди и катастрофи, Црвен крст Охрид продолжува со спроведување на практични активности во образовните установи.
Во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), утре (31 март 2026 година) во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување. Почетокот на вежбата е закажан за 11:30 часот.
Вежбата ќе се спроведе според претходно утврдено сценарио за настаната несреќа, при што активно ќе бидат вклучени тимови од надлежните институции, со цел практична примена на оперативните планови за заштита и спасување, како и плановите за евакуација.
Од Црвен крст Охрид информираат дека ваквите активности имаат за цел да ја зголемат свесноста и подготвеноста кај учениците, наставниот кадар и институциите за соодветно постапување во кризни ситуации.


