Skip to main content

Црвен крст во соработка со свр охрид

Показни вежби за последици од користење на петарди

Показната вежба во склоп со предавањето на СВР Охрид за штетните ефекти на овие предмети ќе се изведува во сите основни училишта на територијата на општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Вежби петарди

Во пресрет на новогодишните празници, волонтерите од Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид спроведува акции за зголемување на свесноста кај населението за последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.

Новообучените волонтери од тимот за прва помош и тимот на шминкери за реално прикажување на повреди имаат можност да ги покажат своите знаења преку изведување на симулација на ампутирани прсти и изгореници како резултат од користењето на петарди заедно со волонтерите од Клубот на млади – велат од Црвен крст Охрид.

Вежби петарди

Показната вежба во склоп со предавањето на СВР Охрид за штетните ефекти на овие предмети ќе се изведува во сите основни училишта на територијата на општина Охрид.

Минатата недела беа опфатени учениците од основните училишта „Братство Единство”, „Св. Климент Охридски”, „Ванчо Николески” Лескоец и „Кочо Рацин” Охрид.

Вежби петарди