Skip to main content

Црвен Крст Охрид

Полесно секојдневие со Нега центарот и лична асистенција на Црвен Крст Охрид

Нега центарот за стари лица како и услугата „Лична асистенција за лица со попреченост“ на Црвен Крст – Охрид, значително го подобрува квалитетот на животот на овие категории граѓани и нивните семејства.
 |  инфодеск  | 
нега

Во рамки на Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид функционира и нега центарот. Во рамки на центарот се нуди услугата „Помош и нега во домот“, преку која лица од охридскиот Црвен крст им пружаат помош на старите и изнемоштени лица. Времетраењето на оваа услуга зависи од потребите кои се најразлични. Од купување намирници и пружање на хигиенски услуги па се до администрација на лекови.

„Ги опфаќа старите лица и лицата со попреченост. најчесто тоа се стари лица кои сакаат да бидат во домашни услови, домашна средина а имаат потреби кои треба да се задоволат а семејството не може да ги задоволи. Се работи со ангажман на негувател на дневно ниво. Според потребата на семејството се ангажира негувател на дневно ниво, според тоа колку часа на ден му се потребни на семејството или на лицето на кое му е потребна помошта.“ – вели Ранко Раткушиноски – психолог О.О. Црвен Крст – Охрид.

Раткушиноски информираше дека стартува и услугата „Лична асистенција за лица со попреченост.“ Овој социјален сервис претставува процес на обезбедување на помош и поддршка за лицата со попореченост од страна на сертифициран личен асистент. Услугата го подобрува степенот на независно живеење на лицата со попреченост и им овозможува рамноправно учество во општеството како и останатите граѓани, притоа застапувајќи го социјалниот модел и пристап кон попреченоста. Воедно, личната асистенција директно му помага на корисникот на оваа услуга, a индиректно му помага и го олеснува и подобрува квалитетот на животот на целото семејство. Лицата кои можат да бидат опфатени со услугата лична асистенција се лица на возраст од 6 до 65 години, кои се категоризирани како лица со потешка и најтешка телесна попреченост и лица со целосно оштетен вид.

„Веќе имаме склучено неколку договори, од наредниов период ја прошируваме и таа услуга како социјална услуга на територија на Општина Охрид.Кај Личната асисетенција за лица со попреченост асистенот има за задача на овие лица им помогне во секојдневниот живот, да се општествено активни и еднакви во заедницата.“– вели Раткушиноски.

Веќе се ангажирани тројца лични асистенти, за услугата „Лична асистенција за лица со попреченост“, а во процедура се за уште двајца. Максималниот број на лица кои се стекнаа со три месечна обука и сертификат „Личен асистент“ во О.О. на Црвен Крст од Охрид од страна на Министерство за образование и Иниститутот за образование на возрасни, се 17 лица.