Skip to main content

По еден полицаец за секое училиште

Уште една мерка на СВР-Охрид за превенирање на насилството во училиштата. Заклучоците на денешниот состанок на советодавната група на граѓани генерално позитивни. На средбата беше потенцирано дека превенцијата на насилството во училиштата треба да биде заеднички напор и на полицијата, и на училиштата, но и на педагошките служби и центрите за социјална работа.

 |  Мишел Наумоски  | 
policija
полиција

Подобро да се спречи-отколку да се лечи! Заклучокот на денешната средба на советодавната група на граѓани е дека превенцијата на насилството во училиштата треба да биде прво и основно средство во справувањето со овој проблем. Асоцијалното однесување на младите е се поизразено, но се преземаат мерки за негово сузбивање. Сепак преовладува заклучокот дека овој проблем треба да се решава со заеднички напори и на полицијата, но и на училиштата, педагошко-психолошките служби, центрите за социјална работа. Од СВР-Охрид најавија и нова мерка во насока на решавање на овој проблем.

„Од оваа школска година СВР-Охрид ќе определи по еден полициски службеник кој што ќе биде задолжен за секое училиште и неговата примарна задача ќе биде на дневна основа да комуницира со менаџерите и психолозите и педагозите и со професорите во целина во секое училиште. На тој начин ние ќе се обидеме да се приближиме до учениците, но и навремено да ги воочиме сите ситуации во кои што би можеле евентуално да ескалираат со појава на нарушување на јавниот ред и мир, со физичка пресметка меѓу учениците итн.-рече Стефан Димоски-Портпарол на СВР-Охрид

Stefan DimoskiУште една негативна појава која мора да биде отстранета е насилството на спортските терени. За жал имавме и реален пример во нападот на фудбалерите на ФК Охрид 2004 во Тетово. На овој состанок присутни и претставници од навивачката група „Рибари“ кои своите забелешки околу несогласувањата со полициските службеници на натпреварите низ земјава.

„Ќе треба и тие да се постават како навивачка група, но и полицијата да има повеќе сенс за нивните чувства во смисла на спортскиот дух, навивање за својот тим итн. Но сепак генерално беше заклучокот посебно од нивна страна дека ќе направат се да нема обиди за нарушувања најавниот ред и мир и фрлање на темна дамка врз спортските настани. Имено и она што како успех го имаше нашата кошаркарска репрезентација не повикува да дадеме максимум сите ние заеднички спортските манифестации да бидат вистински празник.-додава Димоски.

Во насока на тврдењата за намален број на насилни инциденти во училиштата говори и бројот на забележани интервенции во СВР-Охрид. Во 2009 година имало 16 нарушувања на јавниот ред и мир во училиштата, минатата година биле 12, додека во првите 6 месеци од 2011 има 7 интервенции.

{loadposition content9}