Полицајците до низа поволности преку ИПА
Македонските полициски службеници дел од Интернационалната полициска асоцијација.
Македонските полициски службеници дел од Интернационалната полициска асоцијација. Тие ќе градат пријателски релации со останатите колеги од светот. Соработките ќе можат да ги развиваат во неколку области од културата, спортот и туризмот. Сега, низа придобивки на македонските полициски службеници ќе им бидат овозможени со влезот во Интернационалната полициска асоцијација. Од денес и македонските полицајци се дел од меѓународната асоцијација во која членуваат околу 300.000 полициски службеници од 63 земји. Претседателот на регионалната охридска секција, Стефан Димоски очекува интензивна соработка на меѓународно ниво со полициските службеници од странство. „Бенефитите и придобивките од членувањето во ИПА се огромни. На службен план се организираат курсеви, едукации, професионални усовршувања, се добиваат поволности при летување и посета на културни настани како и други поволности во останатите сегменти од животот на полициските службеници“, нагласува Димоски.
Рене Кошар, координатор на ИПА за 6 земји од централна Европа истакна дел од позитивното искуство што го имаат во нивните земји. Од бројните активности го нагласи доброто искуство со печатењето на весници и специјални брошури.„ Во брошурите има објаснувања за дрогата, сигурноста и безбедноста, како и за насилството. Брошурите се издаваат и делат безплатно, а се финасираат преку оглас, открива Кошар, како работат на овој план европските членки на ИПА.
Формирањето на 9 -те регионални полициски секции во земјава се одвиваше под менторство на хрватската полициска асоцијација. За меѓусебните искуства позитивна оценка даде хрватскиот претседател на ИПА, Миленко Видак и кажа дека полициските службеници во светото се придржуваат кон максимата пријателството е да му се служи на пријателството.
Во здружението на ИПА може да членуваат покрај редовните и пензионираните службеници од Министерството за внатрешни работи. Зачленувањето во ИПА е доброволно, а секој член добива меѓународна членска карта и легитимација.
{loadposition content9}