Skip to main content

Се трага по вандалите

Полиција изврши увид кај дигиталниот споменик

Полициски екипи извршија увид кај оштетениот дигитален споменик на „Григор Прличев“. Од СВР информираат дека се трага по сторителите.
 |  инфодеск  | 
споменикот на Григор Прличев

На 11.08.2022 година во 19:30 часот, во СВР Охрид пријавено е насилно отстранување и одземање на 27 букви од дигиталниот споменик и на македонското знаме, лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид.

Споменикот, сопственост на општина Охрид, потоа бил исклучен од електрично напојување. По насока на јавен обвинител, на местото на настанот, увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Дигитален споменик