Skip to main content

Пoлицијата пронајде 4 километри рибарски мрежи и над 116 килограми уловена риба меѓу Калишта и Радожда

Голема количина риба и дваесет висечки рибарски мрежи, со вкупна должина од околу четири километри, биле пронајдени при акциска контрола на полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Мрежите биле откриени на потегот меѓу струшките села Калишта и Радожда, а во нив биле уловени 872 парчиња охридска белвица, со вкупна тежина од 116,9 килограми.
 |  инфодеск  | 

Акциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, пронајдени повеќе рибарски мрежи и поголема количина уловена риба.

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов”, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор.
Oд СВР Охрид информираат дека, на потегот помеѓу струшките села Калишта и Радожда пронајдени се дваесет т.н. висечки рибарски мрежи, кои се најстрого забранети за вршење лов на риба, во вкупна должина од околу 4.000 метри со улов од 872 парчиња риба – Охридска Белвица и вкупна тежина од 116,9 килограми.

По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионален центар за гранични работи Запад од езерото ги подигнале рибарските мрежи заедно со уловот, по што бил известен надлежниот инспекторат за рибарство.
Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ќе продолжи со спроведување на засилени акциски контроли со цел сузбивање на незаконитиот риболов, како и пронаоѓање на лица сторители на ова кривично дело и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро, потенцираат од СВР Охрид.