Skip to main content

Полицијата во објект во Љубаништа пронајде марихуана и засадени стебла канабис

По целосно документирање на настанот, против лице од Скопје ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Марихуана

На 07.10.2025 во 17:00 часот во охридското село Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 68 годишно лице од Скопје.

-При претрес во објект во селото, кој го користи, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и засадени стебла од растението канабис. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.