Skip to main content

Полицијата уапси две лица од Трпејца за незаконит риболов

Eдно од лицата и е познато на службата по извршување кривично дело „незаконит риболов” и ова е второ лишување од слобода овој месец, соопштија од СВР.
 |  инфодеск  | 

На 25.11.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” лишија од слобода 43 и 42 годишно лице, двајцата од охридското село Трпејца.

-Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов”, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Инаку, едно од лицата и е познато на службата по извршување кривично дело „незаконит риболов” и ова е второ лишување од слобода овој месец. При контроли извршени на 06.11.2024, тој беше затекнат со 101 парче уловена риба Белвица, три рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.