Полицијата уапси две лица од Трпејца за незаконит риболов

На 25.11.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” лишија од слобода 43 и 42 годишно лице, двајцата од охридското село Трпејца.
-Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов”, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Инаку, едно од лицата и е познато на службата по извршување кривично дело „незаконит риболов” и ова е второ лишување од слобода овој месец. При контроли извршени на 06.11.2024, тој беше затекнат со 101 парче уловена риба Белвица, три рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.




