
На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 49 годишен државјанин на Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.03.2026 во 22:50 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 32 годишно лице од Охрид кое се сомничи дека на истата улица физички нападнал малолетник од Охрид. Истиот ден, во 23:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на истата улица,25 годишник од Охрид физички нападнала друг малолетник од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид против сторителите, ќе поднесе соодветни пријави.
На 15.03.2026 во 20:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „алфа” со охридски регистарски ознаки, управувано од 63 годишно лице од охридското село Велгошти и патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од 35 годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото „алфа”, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатник во возилото „ауди”, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
На 16.03.2026 во 02:05 часот, на пресекот на булеварите „АСНОМ” и „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38годишно лице од охридското село Пештани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид сопреле патничко возило „опел” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршено алкотестирање му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.03.2026 во 01:05 часот кај месноста „Мороишки мост” на регионалниот пат Струга-Враништа, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 40 годишно лице од струшкото село Лабуништа. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга сопреле патничко возило „пежо” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека тој немал положен возачки испит и немал право за управување моторно возило од „Б” категорија. Дополнително, при извршено алкотестирање му биле констатирани 1,64 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.