Полициски службеници и родители во охридските кафулиња
Проектот „Мешани патроли“ годинава по втор пат, реализиран во Охрид. Патролите беа составени од полициски службеници, родители, претставници на Локалната самоуправа. Тие во ноќните часови ѕиранаа во дел од најпосетуваните угостителски објекти, за да видат како се забавуваат младите.
Пиење алкохол, пушење цигари и останување во доцните ноќни часови, се најчестите прекршоци кои ги прават адолесцентите во угостителските објекти. Синоќа на терен излегоа „мешаните патроли“, составени од полициски службеници, родители, претставници на Локалната самоуправа, Училишните одбори, ЦСР и претставници од транзитниот центар за третман на деца на улици. Тие видоа како младите се забавуваат во главниот туристички центар како и тоа дали има пороци во нивниот живот. М-р Стефан Димовски портпаролот на СВР Охрид вели дека реализацијата на овој проект е од огромна важност бидејќи пред се има превентивен карактер.
„Тоа е извонредна прилика да видат родителите какви се условите каде што децата се забавуваат, кои се оние угостителски објекти кои се најчесто посетувани, да разбијат одредени табуа во однос на проблематични состојби и во најдиректен разговор со угостителите и полициските службеници да добијат изворни информации каков е амбиентот во локалот што е карактеристично за тој локал кои се проблените со кои што угостителите и локалите генерално се соочуваат“.
Родителите и покрај тоа што претпоставувале што прават нивните деца навечер кога ќе излезат од дома, сепак беа љубопитни и со свои очи да го видат тоа.
„Тоа го знаеме дека се случува и тоа е на некој начин ми се чини и нормално во овие услови и за тие години. Како родител мене ме интересира, бидејќи сум родител на две малолетни деца каде излегуваат со кое друштвои што прават и ова е едно големо искуство заедно со полицијата да видиме каков е животот на младите во Охрид“.
Димоски синоќешната акција ја оценува како успешна, не биле затекнати некои посебни нарушувања и вкупно биле легитимирани 30 лица. Тој додава дека останува потребата од зачестени контроли, бидејќи факт е дека се врши злоупотреба на алкохол од страна на малолетници. Инаку после спроведената акција „мешани патроли“, донесен е заклучок дека акцијата е корисна и потребно уште еднаш во текот на август месец да биде спроведена со вклучување на повеќе родители.
{loadposition content9}