Skip to main content

СВР Охрид

Полициски службеници на работни средби во Општина Дебрца за подигнување на јавната свест за заштита на шумите од пожари

СВР Охрид со конкретни оперативни планови за зајакнати мерки на превентивен, но и на репресивен план со цел, поцелосна и поуспешна заштита на шумите и засилена координација со други надлежни институции.
 |  инфодеск  | 

Со цел, подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, вчера (14.04.2025), одржаа повеќе работни средби со советодавните групи граѓани од селата Ботун, Лешани, Злести, Велмеј, Белчишта, Оздолени, Средорече и Издеглавје, општина Дебрца.

-Притоа, низ интерактивна комуникација, со граѓаните се дискутираше за општите мерки за превенција и заштита од пожар во шумите и на вегетацијата на отворен простор, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, како и на потребата од зајакнати мерки, навремено информирање и координирано делување при појава на пожари, велат од СВР Охрид.

Полициските службеници истакнаа дека СВР Охрид веќе изготви конкретни оперативни планови за зајакнати мерки на превентивен но и на репресивен план со цел, поцелосна и поуспешна заштита на шумите и засилена координација со други надлежни институции. Посебно беше нагласена потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење.