Skip to main content

Полицискиот час дава резултати, опаѓа бројот на новодијагностицирани пациенти со ковид 19


Состојбата ќе се следи и ќе се воведуват нови рестриктивни мерки доколку има потреба. Секоја вакцина којаќе влезе во земјата е безбедна меѓу нив е и Астра Зенека, уверува министерот за здравство .

 |  Валентина Неловска  | 

Бројот на новодијагостицирани пациенти со ковид 19 е во опаѓање. Денес тој број е под 1000 инфицирани и очекуваме да се стабилизира состојбата во наредните денови, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Полицискиот час кој беше воведен пред една недела ги дава ефектите, но Комисијата за заразни болести ќе ги следи состојбите со овој бран на ковид 19. Нова проценка на состојбите ќе има следната недела и ако има потреба ќе се преземаат нови мерки.

 „Дополнителни рестриктивни мерки како следен чекор би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти“.

Министерот Филипче, кажа дека сеуште нема конкретна информација која вакцина прв ќе пристигне во земјава, но изјави дека тој би се вакцинирал со вакцината на Астра Зенека.

„Сакам да ги уверам граѓаните дека секоја вакцина која ќе влезе во земјава е безбедна за користење. Околу сомнежите кон Астра Зенека и запирањето на некои земји со имунизацијата со оваа вакцина, дефинитивно ЕМА (European Medicines Agency ) ги демантира причинско последичните ефекти поврзани со оваа вакцина и потврди дека е безбедна оваа вакцина “.

Во однос на донесување мерка за следење на онлине настава за сите основци кои имаат настава со физичко присуство бидејќи има зголемување на бројот на заболени основци и наставници, министерот напомена дека нема потреба насекаде во земјава да се применува онлине настава туку само во школите каде што има потреба.