Skip to main content

Политичките случувања не влијаат на Новогодишните патувања

 Политичките случувања не влијаат на Новогодишните патувања.

 |  Валентина Неловска  | 
avion

Состојбите со глобалните политички случувања не влијаат врз одлуките луѓето да патуваат напоменува Емил Димитроски член на УО на Стопанската комора за туризам на РМ.  За новогодишните празници најчесто ќе се избираат туристички патувања на регионов, вели Димитров.   Макеонците и понатака  ќе се одмараат на традиционалните дестинации , вели Димитроски.

avion
„ Бугарија би ја издвоил како дестинација соповолни пакети за нашиот пазар. Сметам дека во регионов гостите ќе бидта присутни во Охрид или Банско, Боровец, Копаоник. Не далечни дестинации туку со автобус или автомобил  во близина“, посочува Димитроски.

Не се заобиколуваат традиционално најпосетуваните  европски туристички дестинации. На далечните дестинации сепак нема да се патува со чартер линии туку со редовни авионски линии, вели Димитроски.


„За Барселона, Истанбул, Рим и Париз без разлика на случувањата нема откажувања на аранжманите на туроператорите. Нема поместување на патувањата. Во Париз  нема слободни хотели за Нова Година“, напоменува Димитроски.

Охридските хотелиери со кои ТВМ стапи во контакт напоменуваат дека се задоволни од интерсот за упчлати на аранжмани за Нова Година. Најголем интерес има од  земјите од регионот, од Србија,  Бугарија иГрција и тоа за тродневни аранжмани.