Skip to main content

Половина од охридските и струшките плажи без спасители

Половина од охридските и струшките плажи без спасители

 |  Валентина Неловска  | 
плази

Дел од концесионерите на плажи на охридскиот и струшкиот брег и ова сезона се без ангажирани спасители на вода. Законската обврска  плажите да имаат организирани служби за безбедност на вода оваа сезона ја испочитувале само половина од  плажите на охридскиот и 7 од 14 -те плажи на струшките капалишта.

плажи„На охридското крајбрежје само 20 плажи имаат услови и се безбедни за капење. Тие имаат набљудувачници, обележан  простор и  одреден број на спасители на вода. 19 капалишта како што се Кадмо, Немо , Младински, Партизан  и Извиднички се без безбедносни услови за капење и спортување“, посочува Точков.


Информира дека за една недела  од почетокот на капачката  сезона  спасителите интрвенирале три пати и од  давење спасиле тројца странци, двајца бугарски и еден албански турист. Точков кажува дека соопштение испратиле до Капетанија и Министерството за транспорт и врски за состојбата со обезбедување на капалиштата и упатува апел  до концесионерите на плажите.
плажи

„Апелирам до концесионерите и институциите да обезбедат  услови за капење и спортување на вода и да имаме што поголема безбедност на вода и мирно лето на охридското крајбрежје за капшачите“, подвлекува  Точков .

 

За што поголема безбедност на капалиштата  на располагање се 348 лиценцирани спасители на вода. За сега за безбедноста на капачите се грижат 28 лица на охридскит еплажаи, а 9 мина на струшкит еплажи, Се очекува  да бидат ангжаирани барем 80 тина стручно оспособени спасители на вода.