Skip to main content

општина охрид

Положено свежо цвеќе на спомен обележјата на НОБ

Пред спомен обележјата на борците свежо цвеќе положија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.
 |  инфодеск  | 

По повод 11. Октомври-Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.

Пред спомен обележјата на борците свежо цвеќе положија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.

По повод празникот, свежо цвеќе беше положено и пред спомен-обележјата пред Основниот Суд, пред Средното економско училиште и кај градските гробишта.