Skip to main content

Полска носи настан од висок ранг во Охрид

Охрид означен на интернет-страницата на полското претседателство со ЕУ.

 |   | 
Polsko pretsedatelstvo EU
Полско претседателство ЕУ
Охрид означен на интернет-страницата на полското претседателство.

Ohrid na web na polsko pretsedatelstvo so EUПолска со настан од високо ниво, што ќе го организира на есен во Македонија, сака да покаже дека ја поддржува земјата на патот кон ЕУ. Но, колку Македонија го користи полското претседателтво за промоција на земјата?

На 3. октомври полското претседателство со ЕУ ќе организира во Охрид министерски форум ЕУ – Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи и правда, како и претставници од Европската комисија, Советот и следната земја-претседавач со Унијата, Данска. Целта е да се усвојат мерки за понатамошна соработка во областа на слободата, безбедноста и правдата. Овој настан од високо ниво е единствен што полското претседателство го организира надвор од земјата или, пак, во Брисел или Луксембург – местата каде вообичаено се одржуваат состаноците организирани од земјата-претседавач.


{loadposition content9}