Полските туристи се враќаат во Охрид
Возобновени се две авиолинии, Катовице-Охрид и Варшава-Охрид по повеќе од една година од почетокот на пандемијата. Додека туристите од Полска се враќаат во Охрид, во соседна Струга, туристичките работници се во голема неизвесност каква ќе е летната сезона 2021. Очекуваат да се вратат печалбарите и Холанѓаните.
Полските туристи се враќаат во Охрид. За прв пат од почетокот на пандемијата со Ковид-19 авиони на полската авиокомпанија ЛОТ слетаа на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид од Катовице и Варшава. Во текот на летната сезона на охридскиот аеродром се очекуваат по два лета неделно од Полска, кои повторно ќе го поврзуваат Охрид со овие два полски градови по воздушна линија, но туристи се очекуваат и со автобуски превоз. Јаким Маленко од ТА ВИС ПОЈ очекува успешна летна сезона од соработката со партнерот, туроператорot Регобис.
„Према статистиката која се работи во моментов се очекува да бидат околу 3000 до 4000 гости од Полска. Дел ќе доаѓаат со чартер авиони, а дел со автобуска превоз, но сеуште е рано да кажеме. Засега продажбата на аранжманите оди добро, резервациите се во тек и нашиот партнер е задовоелен од резервациите и букингот. Се надеваме дека ќе се исполни 50 до 60 посто од тоа што го имавме во 2019 година.“
Во Охрид допатуваа и претставници од Полската туристичка комора. Павел Ниевиадомски, претседателот на комората, вели дека двете земји имаат многу заеднико што ги поврзува како историја, култура.
„Ова е многу добра дестинација и има голем потенцијал за полскиот пазар. Имаме многу добри туроператори со нас, Регобис кој е лидер на пазарот и тука сме да ја прошириме и да ја промовираме вашата земја во Полска. Сигурен сум дека ќе имате многу туристи од Полска во блиска иднина“.
Полските гости ќе бидат сместени во сите охридски хотели со седумдневен аранжман. Туристите ќе имаат разгледи на Охрид, Св. Наум и Скопје. Додека туристите од Полска доаѓаат на летување во Охрид, во соседна Струга, пак очекуваат да почнат да се враќаат туристите. Ана Јанческа, менаџер на хотел Дрим, потенцира дека по една и пол година немање туристи ги фаќа трема како ќе помине оваа летна сезона. Ние се рекламираме како дестинација во која нема потреба од ПЦР тест и се надеваме дека тоа ќе е причина да доаѓаат туристите меѓу кои и холандските гости.
„Последните информации беа дека чекаат одговор од Холандската влада кога ќе може да почнат да леатаат.Се надеваме од срединат на јули дека ќе почнат да доаѓаат. Тоа е повеќе од срамежливо оваа сезона, но се надевам на некаков фитбек за останатите туристи и странски агенции кои ќе почнат да оперираат и размислуваат за нас како дестинација.“
Науме Угриновиќ, туристички работник од Струга, спасот на летната сезона 2021 го гледа во доаѓањето на нашинците кои работат и живеат во странство.
„Ова лето, нашите печалбари оваа година да пристигнат бидејќи минатата година ја одминаа Струга и останаа во своите држави каде што работат. Нормално, еден процент од својот одмор да го искористат барем по една недела или некој ден во Струга“.
Струшките туристички работници се во голема неизвесност како ќе помине оваа летна сезона. Неочекуваат некоја масовна туристичка посетеност од странски гости и добра сезона, но се надеваат на добар почеток по 1,5 година стагнација.