Skip to main content

Стоматологија

Помалку кариес, но друг орален проблем кај најмладите

Новиот начин на живеење, исхраната , можностите за одржување на подобра орална хигиена на забите и усната шуплина, како и достапните технологии во стоматологијата допринесуваат хигиената и зачувувањето на забите да е на повисоко ниво.
 |  инфодеск  | 
Орално здравје

Охриѓанчињата имаат се поздрави запчиња. Оралното здравје се издига на повисоко ниво од порано. Подигата е свеста за зачувување на забите и кај децата и кај родителите.

Д-р Владимир Новакоски од стоматолошкиот центар д-р Баткоски напоменува дека тоа се постигнува со стоматолошкото знаење и технологија, но и со соодветното внимание и грижа кон оралното здрвје при што најмалите имаат се помалку кариес на забите.

„Новиот начин на живеење, исхраната , можностите за одржување на подобра орална хигиена на забите и усната шуплина, како и достапните технологии во стоматологијата допринесуваат хигиената и зачувувањето на забите да е на повисоко ниво.Оваа генерација деца ќе имаат можнсот да ги заштитат, конзервираат нивните запчиња ,за да ги имаат до крајот на животот. Тоа е голем напредок и примена која се гледа кај децата “, смета д-р Новакоски.

Процесот на конзервација и залевање на запчињата дава успех за добро орално здарвје кај најмладите, но во меѓувреме се појавува друг орален проблем како што напоменува д-р Новакоски, станува збор за се почесто искривување на забите кај децатат.

„Секој второ или трето дете е со искривени запчиња. Причините за тоа се повеќе. Една од нив, најчеста е конзумацијата на мека храна , кашестата храна која се практикува во исхраната. Втора причина е мешаната наследност на вилицата, од двајцата родители“, вели д-р Новакоски.

Да се прават почести контроли кај стоматолозите. Нашата задача е на време да се детектира проблмот кој се појавил , за да се санира најбрзо и најбезболно, порачува стоматологот.