Skip to main content

Култура

Помалку пари за проекти и за охридскиот музеј

И Завод и музеј од Охрид, како и другите национални установи годинава доби помалку финансиски средства за реализација на проекти.
 |  Голабовски Крсте  | 
фрескоживопис

Значително намалени средствата од Буџетот за реализација на проекти од областа на културата. И Националната установа Завод за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе има на располагање значително помалку средства оваа година, нешто повеќе од 3.5 милиони денари само за реализација на проектите од национален интерес во културата од областа на заштитата на недвижното културно наследство за 2023 година. Од проектите на националните установи во областа на визуелните уметности архитектурата и дизајнот, 60.000 денари се издвоени за реализација на проектот Антологија 4.Од областа на музејската дејност и заштитата на нематеријалното културно наследство за оваа година се нецели еден милион денари.

„Намалени се паричните средства одобрени оваа година за реализација на програмата од национален интерес. Ќе видиме ќе се справуваме со тоа што е. Тоа е за цела држава, глобалната економска криза си го донесе своето.„Проектите се реализираат. Од годишната програма со тие парични средства со коишто располагаме“ – вели Катерина Велковска – в.д. директор Н.У Завод за заштита на спомениците и музеј – Охрид.

Министерката за култура неодамна во гостувањето на емисијата „Стадион“ за Канал 77 информира дека годинава фокусот при креирањето на буџетот за кулурата, била стабилноста на културните работници и стабилноста на функционирањето на националните установи. Министерката објасни дека најголем дел од годинешниот буџет отпаѓа токму за обезбедување средства за плата за културните работници.

„Факт е дека буџетот на Министерството за култура оваа година беше доста помал, беше скратен и се согласувам дека буџетите на Министерството за култура треба да бидат уредени со закон некако тие да не може никогаш да претрпуваат кратење или да не биде оној буџет којшто се крои, секогаш се земаат пари од култура. Морам да кажам дека ваквиот намален буџет се должеше на тоа што најпрво моравме да ги обезбедиме платите на културните работници, загарантирани со нивниот соилден колективен догвор“ објасни Бисера Костадиновска-Стојчевска – Министер за култура РСМ.

Во согласност со Законот за културата, проектите избрани на Годишните конкурси за 2023 година и проектите содржани во годишните програми за работа на националните установи треба да се реализираат до крајот на тековната година.