Skip to main content

Локалната самоуправа ќе им помага на опожарените охридски семејства

Локалната е подготвена да им помогне на опожарените охридски семејства. Од таму велат дека многу е важно семејствата да достават соодветна документација врз основа на која ќе се процени колкава штета претрпеле. Ова ќее биде точка на дневен ред на наредната седница на градскиот совет.

 |  Јаковлева Лионела  | 
локална
lokalna

Локалната самоуправа ќе им помага на опожарените охридски семејства. Само во текот на оваа година се случија четири пожари на семејни куќи во градов. Последниот случај беше пред пет дена кога изгоре домот на шестчленото семејство Рустем. Преставници од локалната го посетиле ова семејство, а денес со нив се видел и портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски кој им ја објаснил постапката која треба да ја запазат за да можат да добијат помош од локалната.пожар

Уште претходниот совет на Општина Охрид донесе одлука да им се помага на семејствата кои се затекнати од некои елементарни непогоди, рече Џамтоски. Но во таа одлука не е добро прецизирано како и под кои услови ке се направи тоа, додадае тој. Затоа на наредната седница на Советот на општина Охрид ќе се стави точка на дневен ред токму за тоа, кажа портпаролот.


За да може локалната навистина да им помогне на овие семејства мора документацијата да биде издржана, вели Џамтоски. Утре ќе се одржи состанок во општина со преставници на опожарените семејства и ќе се слушнат и видат сите аргументи врз кои бараат помош.

Инаку најголем дел од семејствата чии домови настрадаа во пожар се социјални случаи па одвај врзуваат крај со крај. Тие апелираат не само до локалната туку и до сите хумани луѓе да им помогнат за да ја надминат тешката ситуација во која се најдоа.

{loadposition content9}