Skip to main content

Понеделник 59 та седница на Советот на општина Охрид

За последниот ден од месец мај, свикана педесет и деветтата седница на Советот, на Општина Охрид. На дневниот ред на ова издание од седницата, градските избраници треба да одлучуваат по извештаите oд работењето и остварените резултати на јавните претпријатија за првиот квартал, а исто така ќе треба да се признесат и во врска со реализацијата извештаите за реализација на програмите од наразлични сфери од општественото живеење во нашиот град.

 |   | 

За крајот од овој месец свикана педесет и деветтата седница на Советот, на Општина Охрид. Во понеделник со почеток во 11 часот во големата сала во зградата на Општина Охрид градските советници ќе треба да се прозинесат по 37 точки на дневниот ред за ова закажано издание на седницата на совет. На дневниот ред на ова издание од седницата, градските избраници треба да одлучуваат во врска со реализацијата извештаите за реализација на програмите од наразлични сфери од општественото живеење во нашиот град, како и по извештаите oд работењето и остварените резултати на јавните претпријатија за првиот квартал од годинава.

На дневниот ред на седницата ќе се најде и Одлука за обезбедување финансиски средства за функционирање на планинска служба за заштита и спасување на подрачјето на општина Охрид во состав на Црвен Крст Охрид.

Советниците ќе треба да дадат согласност согласност на одлуките за усвојување и измена на годишните планови за вработување во неколку јавни претпријатија, како и по предлог одлуките за верификација на одлуката за избор на членови на локалниот младински совет на општина Охрид и за реализација на заем од проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) и овластување за потпишување на иницијален договор.