Од 05.05.2025 год.(понеделник), Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид започнува со реализирање на Календарот за 2025 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.
Претпријатието ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.05.2025 год.(понеделник) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град
-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 05.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот. Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад, се вели во соопштението на Охридски Комуналец.