Skip to main content

Од понеделник НУ Библиотека „Григор Прличев“- Охрид го враќа стандардното работно време

Висината на годишната членарина и натаму е непроменета. За ученици чини 200 денари, а за возрасни 300 денари.
 |  инфодеск  | 
Библиотека

Од понеделник, 1 септември пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид го враќа стандардното работно време.

Секој работен ден од понеделник до петок библиотеката ќе биде отворена за читателите во времето од 8 и 30 до 18.30 часот.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката, информираат од Установата.

Висината на годишната членарина и натаму е непроменета. За ученици чини 200 денари, а за возрасни 300 денари.

Прличевата одаја во слободни термини со одреден надомест може да се користи како место за одржување настани.