ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на НП Галичица
Фондот за доверба ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на националниот парк Галичица и уште 5 заштитени региони во Македонија, Албанија и Грција. Понт ги препозна промените и активностите на НП Галичица во користењето на природните ресурси на паркот. Фондот за екорегионот Преспа – Охрид годинава e добитник на наградата Pathfinder која ја доделуваат Обединетите нации.
Националните паркови Галичица, Пелистер, Преспанско езеро и националниот парк Преспа кој ги опфаќа деловите во Македонија, Албанија и Грција ќе добиваат финансиска поддршка од Фондот за доверба Понт. Понт е добитник на наградата Pathfinder зa 2018 година меѓу 200 кандидати од целиот свет. Наградата се доделува за инвентивни решенија во заштитените подрачја. Фондот за природата Преспа- Охрид ја поддржува меѓугранична заштита на природата во екорегионот Преспа – Охрид кој ги опфаќа делови од Македонија, Албанија и Грција и вклучува 6 региони, напоменува Мирјам де Конинг извршен директор на ПОНТ.
„ Заштитата ќе зависи од секоја област поодделно. Во делот на планината Галичица од Преспанската страна ќе ги заштитува птиците и рибите. Се зависи од специфичноста на паркот кој ќе се штити. Секој парк има план на управување и ПОНТ ќе помага во имплементација на планот преку финансирање“, подвлекува Де Конинг.
Понт ги препозна промените и активностите на ЈУ НП Галичица во користењето на природните ресурси на паркот во 2018 година. Се повеќе се имплемнтираат туристички активности како што се посети за пешачење или велосипедизам за разлика од порано кога паркот се самофинансираше со сеча на шума. Во НП Галичица се фокусираме на промена на начинот на обезбедување средства за заштита на природата, вели Андон Бојаџи директор на ЈУ НП Галичица.
„ Активностите кои ние ги реализираме помогнати финансиски од ПОНТ ќе придонесат НП Галичица да биде многу поблиску до националните паркови со подолга традиција во Западна Европа и Америка“, кажува Бојаџи.
ПОНТ на долг рок финансиски ќе го помага управувањето на националниот парк заедно со пет заштитени региони во Македонија, Албанија и Грција. Фонот на доверба е во партнерство со KfW во име на Германска влада и швајцарската МАВА за прекугранична соработка помеѓу владини и невладини партнери и финансирање на заштитата и управувањето со приородните ресурси во целиот екорегион.