Skip to main content

Проектот го спроведува нп галичица

Попис на биодиверзитетот и еко системот на изворите во Свети Наум

За прв пат се врши инвенторизација на биодиверзитетот и еко системот на изворите во Свети Наум. Целта на овој попис е да се добијат нови релевантни податоци за состојбата на природното наследство на овој исклучително важен локалитет. Изворите на Свети Наум се едно од најмистичните и најубавите места од каде се напојува Охридското езеро. Тие се строго заштитена зона и ретка природна убавина.
 |  инфодеск  | 
Свети Наум извори

За прв пат се врши инвенторизација на биодиверзитетот и еко системот на изворите во Свети Наум. Целта на овој попис е да се добијат нови релевантни податоци за состојбата на природното наследство на овој исклучително важен локалитет, но и план за негова поголема заштита.

Проектот е финансиран од страна на Унеско, а го спроведува Националниот парк „Галичица“, при што за прв пат е изработен посебен план за управување со комплексот на изворите во Свети Наум.

Јавната установа пристапи кон изработка на посебен план за управување со овој комплекс. Тоа е новина и нешто непознато за заштитените подрачја на територијата на С. Македонија. И јавната установа со свои сопствени ресурси со активно учество на вработените изработи работна веризја на овој посебен план и резултатите кои што ќе се добијат од овој проект ќе се искористат и ќе се вградат во овој посебен план со што на некој начин би се овозможил поголем квалитет, ефикасност во однос на зачувување и управување со ова подрачје – вели Сања Рилкоска, член на Комисијата за Светско наследство.

Свети Наум извори

Изворите на Свети Наум се едно од најмистичните и најубавите места од каде се напојува Охридското езеро. Тие се строго заштитена зона и ретка природна убавина.

Ќе се добие еден навистина квалитетен документ кој би бил пример за тоа како може одредени значителни подрачја во рамките на заштитените подрачја посебно да се управуваат, посебно да се третираат и со тоа заштитата да се подигне на едно повисоко ниво – додава Рилкоска.

Изворите кај Свети Наум наликуваат на мало езерце со течение на водата во форма на река. 

Должината изнесува 700 метри со максимална длабочина од 3,5 метри. Има 15 крајбрежни извори и 30 поголеми подводни извори. Локалитетот е богат со ендемична флора и фауна.

Новинар : Соња Рилковска