УХМР
Утрото дождливо, попладне сончево
Денес во Охрид температурите од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h).
Денес во Охрид температурите од 8 до 15 степени Целзиусови.
Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.








