Поплавени ниви на Железничка
Данчо Ничевски поради поплава на својата нива, ќе остане без засадениот зеленчук.
Поплавени ниви на Железничка. Данчо Ничевски се одлучи за својот проблем да проговори пред камерата на ТВМ. Тој тврди дека поради нестучно изведени градежни зафати на Железничка фекална вода ја поплавила неговата нива.
„Овој проблем го имаме од порано уште од кога се правеше Железничка, но мислиме дека ќе се санира, но не е санирано ништо, затоа што кога ќе има обемно дождови канализацијата се враќа назад и од споредните канализации се одлева водата во нивите“, вели Данчо Ничевски,жител на Охрид.
„Штетата е огромна, затоа што оваа вода е фекална. Повеќе не можам ништо да садам“, тврди Ничевски.
„Пластеникот ми е поплавен, а во него имав салати, спанаќ, расад за нареднава реколта овошките се под вода и потои можност да се исушат. Годинава нема да сеам ништо затоа што почвата не е убава.Се обратив до Ниско Градба и ми рекоа дека канализацијата за атмосверска вода не е примена и ме упатија во фондот за комунален развој бев и таму и таму добро ме примија и ми рекоа дека денеска ќе се состанет со директорот на Илинден бидејќи тие биле Изведувачите. Што ќе биди после незнам. А оваа работа мора да се заврши“, вели Ничевски.
Ничевски открива дека ова не е прв пат да се поплави овој дел на Охрид, но според него досега тоа било со чиста вода од реката. Овој пат според него станува збор за фекална вода, поточно измешана фекална и атмосверска вода.
Ничевски најавува дека правдината за проблемот ќе ја бара до највисоките инстанци.
{loadposition content9}