Skip to main content

Попоски: Задоволни сме од успехот

„Според довербата што ни ја дадоа охриѓани, задоволни сме од постигнатиот успех и станавме важен фактор во градот“, нагласи Павел Попоски, кој на Локалните избори 2013 учествуваше со независна листа на советници за кандидати и обезбеди место во новиот состав на охридскиот Совет.

 |  Николоска Биљана  | 
pavel
павел

pavelНезависниот советник Павел Попоски, денес на прес конференција излезе со свои видувања околу
изборниот процес на Локалните избори 2013. Според него охриѓани излегоа масовно, мирно и достоинствено гласаа. Додаде дека цврсто застануваат на се што било кажано во изборната кампања и нивните залагања максимално ќе ги насочат за подобра иднина на Охрид.

„Според нас изборите завршија во фер и демократска атмосфера. Охриѓани избраа нов градоначалник, г – динот Никола Бакрачески и во лично мое име и од мојата групација му го честитам изборот и му посакувам успешна работа во наредните 4 години“ – вели Попоски.

pavelОдлуката да излеземе со независна советничка листа, падна во последен момент и малку време имавме за работа на терен, вели Попоски. Додава дека и покрај тоа, изненадени биле од бројот на гласачи, кои им ја дале довербата, со што се  покажува дека полека ама сигурно стануваат влијателен фактор во градов.

„За многу кратко време, нашето активирање за советот на град Охрид беше поттикнат од граѓаните и ненадеен. Немавме доволно време за максимално да се подготвиме но навистина сме задоволни од 2000 гласачи“.

Попоски за крај рече, дека на овие Локални избори разликата во гласови за Никола Бакрачески во однос на неговиот противкандидат е огромна. Па оттука она што се зборувало во јавноста дека имало одредени притисоци, според Попоски паѓа во вода, бидејќи и да имало такво нешто, тоа не би влијаело за да се смени состојбата.

{loadposition content9}