Skip to main content

Попуштил поставениот тампон на свлечиштето кај ОУ Св.Климент Охридски

Попуштил поставениот тампон на свлечиштето  кај ОУ Св.Климент Охридски.

 |  Валентина Неловска  | 
dupka
dupka

Попуштил поставениот тампон на свлечиштето во близина на ОУ Св Климент Охридски. Љупчо Танески, раководител на  одделението за комунален развој, сообраќај и улици, тврди дека екипи на ЈП Нискоградба реагирале по прилогот на ТВМ и УЗ Стар град за појавеното свлечиште во близина на основното училиште. Но, по две недели вградениот тампон повторно почнал да се лизга и се појавил истиот  проблем, вели Танески. Кажува дека минатата недела екипи на ЈП Нискоградба повторно излегле на терен и направиле увид.

dupka

„ Беше  заклучено дека повторно треба да се тампонира и набие местото Во овој момент сеуште претставува минимална опасност, но со оглед дека свлечиштето не е големо како провобитното сега е помала опаснсот  од претходно. Свлечиштето беше длабоко повќе од 3 метри , а сега за половина метар е спуштен  тампонот“, појаснува  Танески.

Танески повикувајќи се на зијавите од стручните  служби на ЈП Нискоградба тврди дека нема потреба од градење на потпорен  ѕид за да се запре свлечиштето. Со поставување на нова количина тампон проблемот трајно ќе се реши, уверува Танески.

 

dupka„ Појавено е свлечиште помеѓу потпорниот ѕид и земјениот пат на површината. Нема проблем со потпорниот ѕид туку попушта земјениот пат со појава на дупка во земјениот пат пропадна патот и затоа вршиме само тампонирање и нема потреба од интервенција врз ѕидот“, вели Танески.

Танески информира дека екипи на ЈП Нискоградба ќе започнат со отстранување на проблемот во текот  на оваа недела. Додека се реши проблемот децата кои поминуваат во близина на дупката  ќе се заштитат со импровизација од  гранка скршена од блиски дрва и поставена во средината на дупката.

{loadposition content9}