Skip to main content

Ти Си Твојот Град

Попушта потпорен ѕид на ул “Аргир Маринчев“

Не е безбедно за минување на тој потег по тесната уличка, вели граѓанинот и додава дека се создава и грда слика која секој ден ја гледаат голем број туристи кои шетаат во разглед на Стар град.
ѕид Аргир Маринчев

Во рубриката „Ти Си Твојот Град“ жител на Месокастро се жали на оштетен потпорен ѕид на ул.Аргир Маринчев.

„Минатата седмица попушти потпорниот ѕид и земјата се таложи на скаличоњата кои водат кон централниот дел на чаршијата. Секој момент очекуваме дрвената врата да падне и целосно да го попречи движењето.“ – пишува граѓанинот.

Не е безбедно за минување на тој потег по тесната уличка, вели граѓанинот и додава дека се создава и грда слика која секој ден ја гледаат голем број туристи кои шетаат низ Стар град. Состојбата може да се види од фотографиите кои ни ги испрати во прилог.

„Каде се надлежните и мислат ли да го санкционираат ова? Пред некоја година куќата тука што беше се сруши, не знаеме кои се сопствениците, но тоа не значи дека Општината треба да остави вакво ругло во центарот на Охрид.“– додава жителот на Месокастро.