Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата ” Гоце Делчев” ( пукната цевка со профил ф100 мм ), денес од 07:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата: “Гоце Делчев “, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата “Бистрица” до Здружение на возачи. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување на санацијата, информираат од ЈП Водовод Охрид