Поради тепачка меѓу двајца советници, прекината седницата на советот на Општина Охрид
Прекината дваесет и осмата седница на советот на Општина Охрид, поради тепачка помеѓу двајца советници.
| | Охрид
Прекината дваесет и осмата седница на советот на Општина Охрид, поради тепачка помеѓу двајца советници.
Од СВР Охрид потврдуваат, и информираат дека лицето Џ.М. телефонски пријавило дека во просториите на општина Охрид, физички бил нападнат од лицето Н.У. и двајцата од Охрид.
Др. Димитар Арнаудов од хируршкото одделение при Општа Болница Охрид, вели дека пациентот бил примен со лесни повреди на грбот и лицето и дека веќе е пуштен на домашно лекување.
Во соопштението се вели дека се преземаат мерки за расчистување на овој настан.