Skip to main content

Четири сантиметри

Пораст на нивото на водата во Охридското езеро

Водостојот денеска се наоѓа на котата од 693,29 метри надморска височина, што е за 20 сантиметри пониско од просекот за март.
 |  инфодеск  | 
Природно богатство

Нивото на водата на Охридското Езеро изминатите денови се покачи за четири сантиметри, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Водостојот денеска се наоѓа на котата од 693,29 метри надморска височина, што е за 20 сантиметри пониско од просекот за март.

Независно врнежливото време изминатите денови, временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.

Температурата на водата е 9,5 степени Целзиусови, што е над просекот од 7,8 степени.